Вести

FIFA ќа заработи 6 милијарди долари

Светското првенство во Русија денеска започнува и за еден месец преку 64 меча, светот ќе го добие новиот фудбалски владетел, а најголеми фаворити се три европски и две јужноамерикански земји – Шпанија, Франција, Германија, Аргентина и Бразил.

И додека најголемиот дел од фудбалската јавност, типува, предвидува, анализира која селекција има најмногу адути, а најмалку маани, во Светската фудбалска федерација (ФИФА) уште на непочнато првенство тријат раце. Бирократите, кои вчера го изгласаа финансискиот извештај и буџетот на светската организација на Конгресот во Москва, најмногу се радуваат на неверојатниот финансиски успех. Причина – само СП во Русија ќе донесе вртоглави 6,1 милијарда долари.Според финансискиот извештај, ФИФА ќе има приходи од 6,1 милијарда „зелени банкноти“, што е за десет отсто повеќе од првите проекции што во светската организација ги имале проектирано, но во споредба со последниот Мундијал, приходите пораснале за 1,3 милијарди долари. Приходите само од ТВ-правата се покачени за два отсто во однос на таргетот од три милијарди долари, а спонзорските договори донеле 200 милиони „зелени банкноти“ повеќе од касата од проектираните 1,45 милијарди долари.Сето ова е доказ каков глобален бизнис е фудбалот и колку ФИФА од најголемиот фудбалски настан профитира.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Sportski

Најнови спортски вести и резултати
  • Раководството на Барселона стапило во контакт со агентите на фудбалерот на ПСВ, Ирвинг Лозано, пренесуваат каталонските медиуми. Крилниот напаѓач на Мексико е едно од најпријатните изненадувања на Мундијалот до овој момент, откако го постигна победничкиот гол против Германија во првиот меч. „Да, имавме разговори, но засега ништо не е договорено. Мислам дека кога ќе заврши … Барселона се распрашува за „егзекуторот“ на Германија

  • Тренерот на Атлетико Мадрид и поранешен аргентински репрезентативец, Диего Симеоне упати тешки критики кон сите одговорни за разочарувачките резултати на Аргентина на Мундијалот. Синоќа после поразот од Хрватска, во јавноста се појави аудио снимка од негов разговор со помошникот Герман Бургос, во кој Симеоне жестоко ги критикува фудбалерите и селекторот. „Тоа што се случува сега … Симеоне удри по Меси и Сампаоли

  • Битката за осминафиналните места на Мундијалот штотуку се разгоре, а денес на програмата имаме нови три дуели. Репрезентацијата на Бразил ќе ја бара својата прва победа, а за противник ќе ја има селекцијата на Костарика. Во истата група Србија игра дерби со Швајцарија, додека во групата Д силите ќе ги измерат Нигерија и Исланд. Првиот … Бразил напаѓа со тешка артилерија, главната битка се води во Калининград!

  • Како што пишуваат медиумите во Аргентина, веднаш по срамниот натпревар против Хрватска, фудбалерите одржале итен состанок на кој донеле одлука да побараат од Фудбалскиот сојуз на Аргентина отказ за нивниот тренер Хорхе Сампаоли. Хорхе Сампаоли е посочен за директен виновник за лошите резултати на „гаучосите“ на Светското првенство, а после синоќешниот пораз од Хрватска раздорот … Фудбалерите на Аргентина бараат смена на Сампаоли ВЕДНАШ

  • Продолжуваме со веќе стандардната рубрика Фудбалерите типуваат за вас. Денес се игра еден меч од групата Д кој го анализира и типува Панче Ќумбев. Се играат и два меча од групата Е кои ги типува и анализира голманот на Вардар, Филип Гачевски. Бразил – Костарика – 1-1 @ 1.73 во Coinbet24 Бразил по ремито со Швајцарија во првото … Фудбалерите типуваат за вас: Гачевски и Ќумбев ги анализираат и типуваат денешните дуели

  • Најталентираниот европски кошаркар Лука Дончиќ беше избран како трет пик на НБА драфтот и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс. Дончиќ како трет пик го бираше Атланта, која веднаш во трејд го испрати во Далас, додека во спротивен правец пристигна петтиот пик Тре Јанг. Фантастичниот Дончиќ кој со Реал Мадрид ја освои Евролигата и … Лука Дончиќ заврши во Далас како трет пик (видео)

  • Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли е посочен како главен виновник за лошиот настапи на „гаучосите“ на Мундијалот. Незадоволни од дебаклот на својата репрезентација, навивачите на Аргентина пееја навредливи песни и плукаа по селекторот. Сампаоли ја презеде одговорноста за поразот од Хрватска и јавно побара прошка од фановите. „Ги молам фановите за прошка. Особено оние кои … Сампаоли побара прошка, навивачите го плукаа и навредуваа

  • Нашата редакција и денес на љубителите на обложувањето ќе им даде предлог типови од понудата на онлајн обложувалницата Coinbet24.com. Србија – Швајцарија X полувреме Според квалитетот овие две репрезентации треба да се борат за второто место во групата. Ова е клучен натпревар за двете репрезентации, но тешко е да се одреди кој е фаворит во … Тикет на денот: Ние типуваме за вас!

  • Очигледно е дека во аргетинската репрезентација нешто не е во ред. Тие и пред почетокот на Мундијалот имаа неколку скандали и инциденти. Меѓутоа, ремито со Исланд, а особено дебаклот против Хрватска покажаа дека во редовите на репрезентацијата има вистински раздор. Синоќа после мечот аргентинските новинари го запрашаа Агуеро да ја коментира изјавата на Сампаоли дека … Агуеро бесен: Сампаоли може да зборува што сака!

Следи не на twitter