Радио Штип
Бизнис

5 километри надвор од град, локации за обложувалници

Иако тврдеше дека нема да има дислокации, Министерството за финансии до Собранието доставило измени кои предвидуваат казината, автомат клубовите и спортските обложувалници да бидат надвор од градот.

Собраниските филтри ги поминуваат измените во Законот за игри на среќа предложени од Министерството за финансии, во кои е наведено дека обложувалниците ќе се дислоцираат од градовите. Овие ставови не се исти со оние кои ги имаа од  пред само една недела, кога за тврдеа дека тоа не е решение и дека наместо дислокација, ќе се зголемуваат казните.

Како ќе се менуваат локациите

Пет километри надвор од градовите ќе бидат сместени сите локали кои приредуваат игри на среќа, казината, автомат клубовите и спортските обложувалници. На овие законски измени им претходат многу премислувања од министерството, бидејќи ако еднаш беше само дислокација од околината на училиштата, а наредниот пат повисоки казни и зголемени трошоци за локали – сега се оди на целосна дислокација од градските подрачја.

Слични Новости

Се‘ посиромаси, место побогати

trajce jovanov

“Тесла“ ја изделкаа со финансиска банкрот тесла.

trajce jovanov

Плати па влези во центарот на Венеција

trajce jovanov

Leave a Comment