Почетна / Свет / 500 милиони пчели умреа за три месеци

500 милиони пчели умреа за три месеци

Во последните три месеци во Бразил угинаа повеќе од 500 милиони пчели, за што, според научниците, виновни се пестицидите за кои е докажано дека се штетни за животната околина.

Локалните медиуми соопштија дека само во државата Рио Гранде до Сул пронајдени се околу 400 милиони мртви пчели, седум милиони во Сао Паоло, 50 милиони во Санта Катарина и 45 милиони во Мато Гросо до Сулу.

Научната јавност посочи дека до поморот на пчелите дошло затоа што земјоделците користат пестициди кои се забранети во Европа, а кој во себе содржи супстанци како што се неоникотиноид и фипронил.

Според податоците на Гринпис, употребата на пестициди во Бразил е зголемена во последниот период, а само во последните три години регистрирани се 193 производи кои содржат хемикалии кои се забранети во Европската унија.

Според организацијата „Фуд енд агрикалчр“ употребата на пестициди во Бразил во периодот од 1990 до 2016 година е зголемена за 770 отсто. Бразил е најголемиот купувач на пестициди во светот. Од моментот кога Жаир Болсонаро стана претседател на таа држава, дозволено е користење пестициди, кои дотогаш беа на листата опасни по здравјето на луѓето и околината.

Пчелите имаат клучна улога во синџирот на исхрана. Една третина од храната која ја конзумираат луѓето се создава преку опрашувањето што го вршат пчелите. Поради климатските промени и користењето пестициди, пчелите имаат се помалку биотопи во светот.

Во САД пчеларите изгубиле десет колонии. Забележан е масовен помор на пчели и во Русија и во јужна Африка, јави Би би си. Канада, Мексико, Аргентина и Турција, исто така, соопштија дека во последните 18 месеци се соочуваат со масовно угинување на пчелите.

Фондацијата Ворлд Вајлдлајф препорача со неискористеното земјиште да се управува на начин кој ќе ја зголеми популацијата на пчелите, потенцирајќи дека е неопходно создавање што поголеми зелени површини во градовите. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *