Почетна / Занимливости / Светски ден на џез музиката

Светски ден на џез музиката

Денот на џез-музиката, 30 Април, годинава се одбележуваа на малку поинаков начин. Поради пандемијата, Здружението на џез-музичари (ЗЏМ)  приредуваат концерти во текот на цел ден и кои се бидат достапни онлајн преку видеостриминг – на фејсбук-страниците на Град Скопје и на Младинскиот културен центар.Во текот на целиот ден настапуваат врвни македонски музичари и групи: соло-настап на Антоние Весковски, концерти на „Кабадајас“ и на „Зулу 3.4“, концерт на групата „Светлост“, како и на бендот на Михаил Парушев и на групата „3ject“.Љубителите на џезот  го слушаат и настапот на ЗЏМ Колектив – комбо ансамбл составен од изведувачи кои се членови на Здружението на џез-музичари, веќе добро познати на македонската џез-публика. На труба  настапи Трајче Велков, алт саксофон – Кирил Кузманов, пијано – Гордан Спасовски, тапани – Гоце Стевковски и бас – Дарко Мучев. Како специјални гости на овој концерт се  Џијан Емин на пијано и Ѓорѓи Шарески на гитара. Се изведуваше оригинална музика од членовите на ансамблот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *