Почетна / Бизнис / Музичарите со протестна свирка

Музичарите со протестна свирка

Во недостаток на одговорност, надлежните прогласија забрана за одржување на музички настани.Пак музичарите го добија  подебелиот крај.Иницијативата за враќање на музичките настани на музичарите и музичките работници „МУЗИКА – СЕГА!!!“ и нејзините (до денеска вклучени) 1.400 членови, најостро реагираат на последните одлуки на Владата, објавени во последниот Службен весник, објавен на 23 јуни 2020 година, со кој сè уште се забрануваат секаков тип на организација на музички настани на отворен или во затворен простор во угостителските објекти за исхрана и покрај фактот што последните 15-ина дена, се донесени многу мерки со кои се укинуваатт претходните ограничувања за добар дел од секторите од индустријата (барови, теретани, казина, отворање на границите без потребни ПЦР тестови и задолжителна самоизолација и сл.), соопшти преку „Фејсбук“ музичарот и фронмент на „Суперхикс“, Петар Младеновски. Музика сега бара итна средба со одговорните за носењето на мерки и одлуките со кои е направен овој пропуст кој оди директно на штета на илјадници музичари и музички работници кои деновиве со борат со проблеми од егзистенцијална природа по затворањето или ограничувањето на можноста слободно да работат и заработуваат а директно поврзано со донесените рестриктивни мерки и нивното олеснување , за кој, очигледно за сега- се нема слух!
Музичарите од Источниот регион утре на плоштадот “Слобода“ во Штип ќе одржат хепенинг борејќи се за своите егзистенцијални права.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *