Почетна / Бизнис / Доградбите и надградбите на трговскиот центар ќе се рушат.

Доградбите и надградбите на трговскиот центар ќе се рушат.

Конечно доградбите и надградбите на трговскиот центар  треба да бидат срушени, доколку тие што инвестирале , па и купиле дивоградби во законски рок , не ја вратат првобитната состојба.По пет години , кончено целосно се поништени решенијата за градба и доградба издадени од поранешниот градоначалник Илчо Захариев.Захариев надвор од законските рамки издал решенија за доградба  на трговскиот центар и во холот и на надворешниот дел од трговскиот центар.Повеќе сопственици на простор во трговскиот центар покренаа постапка пред надлежните институции и судови и по пет години, конечно заврши тој процес.Сега дивоградашите имаат рок- тие внатре рок од 30 дена да ја вратат првобитната состојба на трговскиот центар, а тие надвор дури 60 дена да ја отстранат својата доградба.Воедно катастарот треба да ги избрише од регистерот на сопственици сите кои на незаконит начин се стекнале со сопственост од дивоградбата.Во спротивно ќе има рушење на тоа што е дивоградба во и на трговскиот центар во Штип.Ова го потврди правниот застапник на оштетените сопственици, адмокатот Љупче Докузов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *