Почетна / Избор на Уредникот / Штип во наредните денови може да биде жеден.

Штип во наредните денови може да биде жеден.

Јавното претпријатие “Исар“ информира дека од утре до сабота одредени делови на градот ќе бидат без вода.Во целост го прикажуваме соопштението на ЈП “Исар“.

Почитувани граѓани ,

Ве известуваме дека на ден четврток 04.02.2021 и петок 05.02.2021 година фирмата изведувач ќе работи на приклучок на азбестцементната цевка ф 500 мм за довод на сирова вода во Филтер Станицата согласно проектната документација за Адаптација на Филтер станицата Штип . Целата инвестиција е во вредност од 4,5 милиони евра, со што ќе се добијат уште 300 л вода во секунда.

Заради изведување на потребните работи во времетраење од 2 – 3 часа целосно ќе се прекине водоснабдувањето на Филтер Станицата и затоа ќе имаме намалување на притисокот во градскиот водоснабдителен систем т.е. предвидуваме дека некои делови од високите зони во градот ќе останат без вода се до нормализирање на водоснабдувањето до Сабота 06.02.2021 год.

Без вода за пиење ќе останат нас.Пребег, нас. Горна Железничка, Дузлачки рид, дел од нас.Баби и др.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *