Вести

Сиромаштија и само сиромаштија

Граѓаните кои земаат просечна нето плата не можат да ги задоволат основните потреби во текот на месецот.

Најголем дел од платата оди за храна, пијалоци и за сметки така што остануваат многу малку пари за да се помине месецот и да се дочека новата плата.Последните податоци објавени од Државниот завод за статистика покажуваат дека во септември просечната нето плата изнесувала 24.355 денари, а според Сојузот на синдикати на Македонија вредноста на минималната потрошувачка кошничка во истиот месец е поголема за околу 8.000 денари и изнесува 32.493 денари. Синдикатот пресметал дека на едно семејство за купување на храна и пијалоци му се потребни минимум 13.486 денари месечно, а за сметките за комуналии 10.412 денари што значи дека само за храна и за комуналии се трошат минимум 23.898 денари што е приближно колку просечната нето плата.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter