Вести

Телекабел нов мобилен оператор во Македонија

Сопственикот на Телекабел Роберт Димитров - Роби ,откри дека наскоро Телекабел ќе стане трет мобилен оператор во земјава!

 "Подготовките се во тек, веќе се подготвуваме  за инвестиции и правната рамка, но за неколку месеци Телекабел покрај кабелски и интернет провајдер ќе стане и мобилен оператор! Тоа јас го напишав и на мојот фб профил пред неколку денови.

Телекабел е бренд кој е омилен кај граѓаните, ќе продолжиме со нашиот заштитен знак а тоа е постпејд сервис без договор за верност, со тоа сите наши клиенти ако не се задоволни можат да си заминат веднаш и за тоа нема да плаќаат никакви пенали."

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter