Вести

Долго топло лето

Не‘ очекува потопло лето во кое температурите, според најавите од синоптичарите, ќе ги надминат многугодишните просеци во некои делови и за над три степени.

Особено отсапувања ќе има во текот на јуни. Метеоролозите предвидуваат можност во петстојната летна сезона да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројаност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.Температурите на воздухот во јули лани во Македонија го надминаа просекот за 1,5 степен, а во август за еден до два степена.Минатото лето во јули се регистрирани и најмногу тропски денови и тоа во Гевгелија, а тропски ноќи со над 20 степени Целзиусови се регистрирани во Гевгелија, Скопје, Демир Капија, Штип, Струмица  и Прилеп.Највисоката температура измерена лани е 41 степен во Демир Капија на 4 август. Август минатата година во првата декада бил потопол за четири до шест степени.Врнежите во овој период се во границите од 23,9 мм измерени во Штип до 96,7 мм во Маврово.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter