Вести

Ансамблот “Тоска“ со куп награди од Франција

Македонскиот фолк репрезентативен тим Ансамблот “Тоска“ доби повеќе награди за презентација на македонскиот фолклор.

Од 27-ми јуни до 8-ми јули “Тоска“ учествуваше на два интерконтинентални фестивали кои се одржуваа во Франција и на кој учествуваа ансамбли од :Филипини, Израел, Мадагаскар, Парагвај, Канада и единствен претставник од Македонија Ансамбл “Тоска“.Едниот фестивал се одржуваше во Вуарон.Вториот фестивал беше под закрилата на Асоцијата на француски фолклорни уметници ГАП.Оттаму “Тоска“ се враќа со две награди.Награда за најдобра кореографија.

Втората за најдобар ансамбл според Асоцијацијата на француските фолклорни уметници.

Баже Џоџев, директор на ансамблот, токму заради покажаниот квалитет во континуитет, се надева дека надлежните институции ќе ја помогнат реализацијата на идеата за уште еден интерконтинентален настап, како што беше пред две години во Кина.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter