Вести

Феноменален феномен-никој не е виновен.

Раководството на Здружението на пензионерите на Штип и Карбинци, според судот во Штип не е виновно што потрошило речиси 700.000 евра за реконструкција на некогашниот ресторан 4-ти јули, лоциран пред самата касарна во Штип.

Судот неофицијално не нашол вина и кај изведувачот на градежните работи.Поинаку кажано никој не е виновен , а на сметката на Здружението ги нема пензионерските пари, а ниту тој дом за старци не е направен, а нема да биде ниту во догледно време.Феноменален феномен.Никој не е виновен кога се трошат народни пари.Можеби пензионерите во јануари кога ќе треба да бираат ново раковдство да расчистат со оваа хипотека, потрошени 700.000 евра од пензионерските џебови.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter