Вести

Огнен Јанески - новиот главен и одговорен уредник во 24ТВ.

Тој ќе го замени Младен Чадиковски кој пак застанува на чело на Здружението на новинари во Македонија.

Огнен Јанески седум години е дел од тимот на оваа телевизија и е новинар со дологодишно искуство.„Колектив е поим кој зацврстува и кон кој треба да се стреми секоја заедница, особено онаа - новинарската. Колектив е цел што се достигнува со заедништво. Колективот се живее. Тој, за нас е редакцијата... медиумот. Ова е нашиот колектив - Телевизија 24. А јас сум дел од него веќе цели седум години. Ви благодарам.- напиша синоќа на Фејсбук Огнен Јанески.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter