Почетна / Бизнис / “Siemens“ препорачува работа од дома

“Siemens“ препорачува работа од дома

Индустрискиот конгломерат Simens планира трајно да им овозможи на повеќе од 140.000 свои вработени да работат надвор од канцеларија два или три дена во неделата.Компанијата со седиште во Минхен соопшти дека кризата предизвикана од коронавирусот „покажала дека работата не зависи од фиксната локација, нуди многу предности и дека е можна во многу поширок обем отколку што првично се сметаше“, пренесува агенцијата AP.Во соопштението се вели дека истражувањата спроведени меѓу вработените во Simens ширум светот покажале желба за поголема флексибилност.Најавениот план се однесува на повеќе од 140.000 вработени на над 125 локации во 43 земји и ќе стапи во сила веднаш, според Simens.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спреј против Ковид 19

Австриски научници од лабораторијата на Медицинскиот факултет во Инсбрук тврдат дека успешно го тестирале најновиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *