Вести

Четворица спортисти на Медитеранските игри

На Медитеранските игри во ТАРАГОНА, Шпанија, од 22 јуни , ќе не претставуваат 71 спортист од Македонија во 15 спортски дисциплини.

Штип ќе биде застапен само со 4 спортисти.Двајца во карате, еден во борење и еден ракометар. Во карате ќе не претставуваат нашите најголоеми надежи ЕМИЛ Павлов и Жарко Арсовски, со селекторот Сашко Арсовски. Во борењето по вторпат на МИ ќе учествува Дејан Митров, кој пред 5 години во Мерсин, Турција освои бронзен медал, а во ракомет Мартин Поповски, кој игра за Вардар, а потекнува од Штип. На МИ ќе патува како селектор и Петар Чурлиновски, кој ќе го предводи боксерот Исмаили .
Пред пет години најмногу медали освоија македонските борачи 4. И тоа Дејан Богданов, сребрен и бронзи Бобан Данов, Дејан Митров и Јасин Реџелари.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter