Како со минимум да се достигне максимум

 “Со минимум до максимум“ е настан во организација на Совет на млади на Општина Штип и соработничката на Совет на млади – Милена Глигорова.

 

Една поинаква, некласична работилница за финансиски менаџмент наменета за млади. Комбинација на предавања, вклучување на публиката во вежби и активности и излагања на интересни теми на гостите:Кал Ман( американски волонтер на Peace Corps во Македонија, со работно искуство во Apple и сопствена маркетинг-компанија која соработувала со големите брендови како Coca-Cola, Lays и други )-на тема „Компаундинг“ (прилагодено за млади)

Адил Мехмед (студент по бизнис и економија на Универзитетот во Манчестер, Англија) - „Ценовна дискриминација“

Даниел Веселинов (тинејџер со хоби програмирање) -претставување на програмата "Expense tracker" за подобро следење на трошоците.Работилницата се одржува во Дом на Млади.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter