Вести

Најнапред бебе, сега почина родилка

Пред три дена почина новороденче, а денеска почина родилка во штипската Клиничка болница, потврди директорот на болницата Ален Ѓеорѓиев.

 

Станува збор за 28-годишна родилка, која на Одделението за Гинекологија родила машко бебе, кое е во добра здравствена состојба.

„Точно е дека пред три дена почина бебе, а денеска родилка во болницата, но сепак ќе почекаме резултатите од обдукцијата да ги покажат причините за смртта. Јас мислам дека нема лекарска грешка, сепак да го почекаме обдукцискиот наод. Во врска со  немилиот настан изразуваме длабоко сочувство на  семејствата  и нивните пријатели. За причините на настанатата смрт, јавноста дополнително ќе биде информирана откако ќе го добиеме извештајот од Патологија и судска медицина во Скопје, каде што  ќе се изврши потребната обдукција – тврди директорот.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter