Вести

И во Штип може да се случи Долнени

Во Долнени на едно лице му текнало од го помести капакот на резервоарот за вода и во него да истури засега црна непозната течност.Полицијата трага по сторителоте, на ова дело.

Пред година и повеќе пишувавме и говоревме за загрозувањето на водоснабдителниот систем во Штип, со изградбата на таканаречената пешачка патека и заобиколницата која минува низ бунарскиот систем на Штип.И две работи можеби се потреба на Штип, но се градени спротивно на Законот за води, кој изричито забранува секакви градежни работи, ако не се во функција на водоснабдувањето.Бунарите од кои Штип пие вода се контаминирани, а некои се наоѓаат на дофат на некакви неурамнотежени типови.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter