Вести

Граѓаните очекуваат од министерот поквалитетно здравство

Министерот за здравство Филипче ги зачести посетите на Штип и тоа на клиничката болница.

Навистина убаво е што доаѓа во Штип, можеби и затоа што штипјанец е Државен секретар во министерството за здравство.Доаѓањето го зголеми интересот на граѓаните, за мотивите на министерот често да доаѓа во Штип.Дали тоа се подобрување на условите за лекување, уловите за болничко лекување на пациентите, дали неговото доаѓање значи болничка аптека полна со лекарство, за пациентите да не одат да купуваат.Дали тоа значи надминување на проблемите со инсулинска терапија, соодветен инсулин, соодветни игли и слично.Дали на лекарите персоналот, ќе и бидат зголемени платите, колку и кога.По мислење на граѓаните Министерот мора да остава задачи за исполнување на програмата за подобро здравство, и да бара остварување.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter