Почетна / Занимливости / Авичи фондација?!!

Авичи фондација?!!

Семејството на покојниот диџеј и продуцент Авичи кој беше пронајден мртов во својата хотелска соба во Оман во април 2018 година, најавила основање на фондација која ќе биде наречена токму по овој трагично починат шведски музичар.

Имено, фондацијата примарно ќе биде фокусирана на собирање на парични средства кои би се вложиле во подигнување на свеста за менталните болести и превенција од самоубиства, пренесува “BBC”.

Иако сѐ уште не е објавена официјалната причина за смртта, овој шведски диџеј чие вистинско име е Тим Берглинг, долго се бореше со злоупотреба на опојни дроги и со депресија, па многумина сметаат дека оваа некогаш голема ѕвезда си го одзела животот.

“Тим сакаше да направи разлика. Основањето на фондацијата со неговото име е наш начин да го испочитуваме неговиот лик и дело и да продолжиме да делуваме во негов дух”, наведува семејството на музичарот во соопштението за медиумите.

Фондацијата Тим Берглинг ќе се занимава и со прашања како што се климатските промени и зачувување на природата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *