Почетна / Македонија / Антонија Гиговска ја маргинализира победата на Макфест

Антонија Гиговска ја маргинализира победата на Макфест

Можете ли да замислете Крунослав Кичо Слабинац (жал за тие што не знаат кој е Слабинац), да учествува во едно шоу од типот “Никад није касно“.Не е проблем шоуто.Еден куп хитови, убава блескава кариера, продадени милион примероци на плочи итн.

Зорица Конџа ја знаете, и таа досега не се појавила во вакво или слично шоу.

Што овие двајца познати хрватски пејачи ги поврзува.Ги поврзува победата на македонскиот фестивал “Макфест“. Кичо победи 1988, а Конџа 1989…

Може да набројуваме пејачи кои сеуште значат на екс ју сцената, кои немаат излети во реалити шоу-а, а  имале успешна музичка кариера.

Од се` и во се`има исклучоци.

Антонија Гиговска е ланска победничка на Фестивалот “Макфест“,е сегашен учесник на шоуто “Пинкови ѕвездички“.

Дали по победата Гиговска, не успеа докрај да се реализира на македонската никаква сцена, па пак се врати во “ѕвездички“.

Кој доби , а кој загуби.

Институцијата 34 годишна Макфест, не така одамна еден од најдобро организираните и најдобро продуцираните фестивали во рамките на ФИДОФ, и ден денес респектибилна манифестација во екс ју државите и Европа.

Антониа Гиговска, талентиран изведувач, кому и се потребни квалитетни композиции, по можност хитови, па Макфест е попатна маргинална станица за да се стаса повторно во некое шоу.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *