Ајде на базен!

Комисијата за зарзни болести,соопшти дека бројот на новозаразени  е драстично намален но нагласувајќи дека резултатите се неофицијални. По падот на епидемиолошката крива, Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на вратите на базените и за рекреативно пливање, не само за спортските клубови.-Сметаме дека конечно може да бидат отворени базените и за рекреативно користење, но секако со максимално почитување на протоколите и мерките за заштита. Препорака дадовме и за користење на плажите, но истовремено сметаме дека во случај да се прекршуваат воспоставените безбедносни мерки, мора да има казнувања, што е работа првенствено на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на МВР, појаснуваат од Комисијата за заразни болести.Оттаму велат дека се уште не даваат препорака за отворање на Аквапарковите, каде што има голема фреквенција на граѓани кои при такви летни активности едноставно не може да одржуваат да го одржуваат потребното безбедно растојание, доволно, за да не се дозволи ширење на вирусот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *