Почетна / Занимливости / “Бегство“ од и во театарот

“Бегство“ од и во театарот

Светски ден на театарот, 27 март.Пораки по тој повод испратија светскиот театарски режисер и драмски автор Карлос Селдран и македонскиот драмски автор Југослав Петровски. Селдран, кој е автор на светската порака, вели дека театарската традиција е хоризонтална и никој не може да потврди дека театарот живее во кој било центар од светот, во кој било град или привилегирана зграда. Театарот, додава Селдран, се шири низ една невидлива географија.Авторот на македонската порака оценува дека театарот сѐ уште не е мртов, но дека од ден на ден полека умира.– Умира бидејќи недостига „петтиот елемент“, т.е. недостига катарзата. По разлистување на стотици книги, кои веќе сто пати ги имам разлистано, дојдов до два мошне битни заклучоци: прво, дека ако од театарот исчезне катарзата, театарот ќе умре, и второ, театарот, во секоја своја форма, жанр, сегмент, елемент, што и да е, мора да остане жив. А за да биде и остане жив – зависи исклучиво од катарза, од магичното, таинственото, волшебното што го содржи секоја вистинска антологиска драмска, односно театарска приказна – порачува Петровски . Во чест на светскиот Ден на театарот Народниот театар од Штип вечерва ја игра претстаата “Бегство“ работена според текстови на американскиот драматург, Едвард Олби, во режија на  Иван Ристовски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *