Почетна / Црна хроника / Богат со содржини полициски бележник.

Богат со содржини полициски бележник.

На 09.11.2020. во 16.25 часот во СВР Штип, вработен во Клиничката болница Штип, пријавил дека Х.Х. насилно сакал да влезе во Инфективното одделение и се однесувал агресивно кон медицинскиот персонал, а во 20.00 часот и лекарката која извршувала работни задачи на одделението пријавила дека околу 16.15 часот, Х.Х. агресивно се однесувал кон неа. Се работи на комплетирање на случајот, по што против Х.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.11.2020 во 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип, врз основа на распишана централна потерница, го привеле М.Д.(25) од Штип за доиздржување затворска казна од осум месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. М.Д. бил спроведен во казнено-поправната установа Затвор-Струмица за доиздржување казната.

 

На 09.11.2020 во 11.45 часот во Полициската станица Делчево, Б.М.(29) од Делчево пријавил дека на 04.11.2020 во менувачница во Делчево сакал да замени банкнота од 50 евра, но од сопственикот на менувачницата му било кажано дека банкнотата била фалсификат. Се работи на расчистување на случајот.

 

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот (09/10.11) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирарни се 27 прекршоци. Во текот на oвој период на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 367 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1524 лица со вакви решенија и притоа билe констатирани две непочитувања на решенијата.

 

Наворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(23) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на службата“. Пријавениот, на 06.10.2019 физички нападнал двајца полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

 

Полициски службеници од Полициската станица Штип, врз основа на распишана централна потерница, го привеле М.Д.(25) од Штип, за доиздржување затворска казна од осум месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор-Струмица за доиздржување казната, информира полицијата.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *