Почетна / Македонија / Васил Хаџиманов , почесен доктор на УГД

Васил Хаџиманов , почесен доктор на УГД

Познатиот уметник Васил Хаџиманов го доби признанието почесен доктор на науки на УГД (Professor Honoris Causa).

Васил Хаџиманов веќе долги години е визитинг професор на Музичката академија при УГД. Васил Хаџиманов е познат музичар, композитор и пијанист. Се занимава со џез и етно музика, а основач е на Васил Хаџиманов Бенд.

Син е на познатиот актер и интерпретатор Зафир Хаџиманов. Дипломирал како стипендист на универзитетот Беркли во САД, а некое време настапувал и со познати музичари во Њу Јорк. Има соработувано со музичари како Дејвид Гилмор и Крис Чик. Во текот на својата кариера правел музика и за познати филмови и ТВ Серии. На Универзитетот „Гоце Делчев“ е ангажиран како предавач на одделот за Џез музика при Музичката академија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *