Почетна / Бизнис / Велемајстор ќари 30.000 евра од наивни штипски фирми

Велемајстор ќари 30.000 евра од наивни штипски фирми

СВР Штип, до ОЈО Штип, поднесе кривична пријава против А.Љ.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела  „измама“ и „оштетување или повластување на доверители“. Пријавениот, во текот на декември 2019 година ги довел во заблуда одговорните лица на три правни лица од Штип. Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денари, лажно претставувајќи се како сопственик и управител на  позната и голема фирма (која не постои и никогаш не постоела) од Скопје,  a која обавува иста или слична дејност со тие фирми. За тој износ ги оштетил фирмите.  Исто така, во текот на октомври 2019,  застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27.01.2017 од управителот, иако знаел дека правното лице  е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврати од друго правно лице од Штип набавил 150 парчиња канти за отпадоци во вредност од  200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно со што го оштетил доверителот за неведениот износ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *