Почетна / Македонија / Викендов започнува ДАФ во Кочани

Викендов започнува ДАФ во Кочани

Од 27 мај до 1 јуни во Кочани ќе се одржи по 60ти пат познатиот Драмски аматерски фестивал – ДАФ.

Во официјална конкуренција се 16 селектирани театарски претстави од Македонија и странство.

Изборот го прави селектор, кој има мандат од две години. Оваа година по втор пат селекцијата ја направи актерката Јасмина Билаловиќ. Од големиот број пристигнати пријави, кој годинава ја надмина бројката од 40 претстави таа направи избор од 16 претстави, кои ќе бидат изведени во рамките на шест фестивалски денови.Во следните фестивалски денови на програмата се претстави, кои ќе се борат за награди меѓу кои: „Театар Чекори“ од Скопје со претставата „Ние“, АТ „Колектив ветерница“ од Скопје со „Робоград“, гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид со „Странци“, аматерскиот театар „Репетициона 04“ од Штип со „Недоразбирање“, театар „Дунек“ од Гостивар со „Бенг бенг и мртов си“ и уште многу други…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип без “црногорски конзул“.

Република Црна Гора реши да го разреши нејзиниот почесен конзул во Штип , охриѓанецот Бранко …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *