Почетна / Избор на Уредникот / Владата создава медиумски протекционизам и хаос.

Владата создава медиумски протекционизам и хаос.

Последните измени на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги го потврдуваат сомнежот на Здружението на новинари на Македонија дека Владата и понатаму има намера да финансира приватни радиодифузери без никакви критериуми со што се става под знак прашалник и независноста на уредувачката политика на овие медиуми, стои во соопштението од ЗНМ.

Од Здружението велат дека законските измени кои се однесуваат на членот 102 во делот на забрани за рекламирање даваат можност на јавните институции на централно и локално ниво да продолжат да ги финансираат радиодифузерите доколу со истите имаат потпишано договори за соработка кои се важечки и после стапување на сила на овој закон.

„Ова остава простор овој член од законот лесно да се злоупотреби и јавни средства да бидат исплаќани и во иднина на медиумите и покрај декларативната забрана на истите.

Потсетуваме дека за истиот член од Законот со измените од 31.12.2018 година, ЗНМ исто така имаше критика, каде според новата дефиниција јавните институции не треба да планираат средства за приватните медиуми, но не и да имаат изричита забрана за користење на јавни пари во медиуми. Со ова се остава можност за продолжување на клиентилистичкиот однос на централната и локалната власт кон медиумите, особено земајќи во предвид дека не се предвидува казна за прекршување на овој член, стои во соопштението.

Истовремено, ЗНМ ги поздравува измените во Изборниот законик кои се однесуваат на онлајн медиумите, со кои и се одзема надлежноста на Државната изборна комисија да ја мониторира работата на онлајн медиумите за време на изборна кампања. Овие измени се во согласност со претходните препораки на ЗНМ, но и на Советот на Европа, според кои не постои методологија според која може државата да цени дали онлајн медиумите се (не)професионални во начинот на кој тие известуваат за изборните процеси.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *