Почетна / Свет / Вонреден самит за Брегзит

Вонреден самит за Брегзит

Првите луѓе на Европската унија ќе оддржат нова средба на која треба да донесат одлука дали ќе биде одобрено ново обложување на брегзит…Се очекува Британската премиерка тереза меј да побара одложување на датумот до кога државата треба да ја напушти ЕУ, но тоа да не биде подоцна од 30-ти Јуни….Меј денеска порача дека и понатаму е против одржување на втор референдум за Брегзит и оти нејзиниот став останува непроменет…Сепак очекува дека некои пратеници ќе се обидат да се заложат за нов референдум во текот на ратификувањето на договорот кој таа го постигна со ЕУ.

– „Кога ќе дојдеме до договор мора да обезбедиме документот да помине низ овој дом. Секако дека ќе има такви кои ќе инсистираат на тоа прашање кога ќе се усвојува договорот.“ – изјави Тереза Меј.

Сепак се очекува Европската Унија да одобри подолго одложување откако претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск , побара од лидерите на 27-те земји членки одобрат флексибилно одложување најмногу до една година….Во пораката до европските лидери, Туск напомена дека не треба да се дозволи ниту една страна да биде понижена.

Германската канцеларка Ангела Меркел во пресрет на самитот во Брисел порача дека Лондон ќе мора да исполни неколку услови доколку сака да добие одложување, односно дека Институциите на Унијата мора да продолжат да функционираат непречено, Велика Британија да учествува на евроизборите во мај но и подготвеност на Лондон за конструктивно учество“ во носењето на одлуките….Таа оцени дека би требало да се пролонгира Брегзит за неколку месеци, но да не се одолговлекува целиот процес….Сепак целиот процес би можел да го попречи Франција….Од таму велат дека не е против одложување на Брегзит, но сметаат дека периодот од една година, како што предлага Брисел, е премногу….

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *