Почетна / Црна хроника / Во сообраќајка повреден синот на кавадаречкиот градоначалник.

Во сообраќајка повреден синот на кавадаречкиот градоначалник.

На 31.05.2019 околу 00,30 часот на крстосницата од ул.„8-ми Септември“ и ул.„Гоце Делчев“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.А.(36) од Кавадарци, и мопед „Априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од петнаесетгодишно лице и сопатник на мопедот исто така, петнаесетгодишно лице. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Радио Штип  од свои извори од Кавадарци дознава дека еден од повредените на мопедот е синот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зборуваат за корупцијата, а никако да се ослободат од неа

Македонија се гуши во корупција, и тоа не од сега туку од почетокот на нејзиното …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *