Почетна / Избор на Уредникот / Втори изданијa на книгите на колегата Кирил Манев

Втори изданијa на книгите на колегата Кирил Манев

На 7 ноември 2018 година се одржа промоцијата на двете спортски книги „Штипски спортски промотори“ и „Штипскиот спорт и спортистите во дневниот и периодичен печат“. Речиси целиот тираж од 300 книги беше разграбан од посетителите. Имаше и новинари,кои зедоа и по повеќе книги, без никакво чувство за коректност. За жал , од таа пуста љубомора,завист, алчност само ги зедоа книгите, но никаде не објавија ни збор за нив, со чесни исклучоци. Заради желбата да дојдат и други читатели до книгите,по нивно барање, авторот се потруди да издаде и втори изданија, надополнети со нови моменти.Не паметам кога друпат некој друг автор во Штип издал втори изданија на книги . Но, тоа не е важно, особено за оние кои пред себе само го имаат личниот интерес, кои не почитуваат друг труд, освен својот . Нека им служи на чест.
За оние кои не ги прочитале двете книги, да споменам дека тие се објавени во рамките на мојот 55 годишен јубилеј творечка дејност. Можеби тоа им смета на поединци, кои ни лани не објавија ни збор кога НУУБ „Гоце Делчев“ ме прогласи на најплоден автор кој напишал најмногу текстови за Штип и штипјани.
Накратко за содржините на книгите. Од фудбалот за сите спортски екипи во Штип кои се натпреварувале во повисок ранг Брегалница, Работник Астибо, Три Чешми, Кежовица, Бело Брдо, Баби,за Мал Ајакс, Постолов-Пандев, ФК Штип…Портрети за најдобрите фудбалери, за освоените титули на Брегалница и за тешката сообраќајна несреќа на 2 јули 1964 година, за која пишувал и овој автор во „Спорт“- Белград, со исечок од весникот, за петардата која на средбата Брегалница- Дубочица , на 4 ноември 1968 година, повреди неколку гледачи., за раздружувањето од СФРЈ…За официјалните посети на Драгослав Шекуларац во родниот Штип, за последната посета на 3 јуни 2017 година, но и почитта кон него на 5 јануари годинава кога почина.Се објавени и најзначајните моменти од развојот и на другите спортски дејности, како борењето , кое даде и тројца олимпијци, ги објавуваме составите на Балканец во КЕШ , па каратето, кое по 27 години , преку Емил Павлов донесе спортист на годината на Македонија.Исто така, пишувам и за развојот на одбојката и најдобрите одбојкарски генерации , со фотографии од европскиот куп ЦЕВ, па европските настапи на пингпонгарите во Купот „Ненси Еванс“, ракометарите кои учествуваа и во 16 финалето на Купот на СФРЈ, играа во Штип со Дубочица, за кошаркарите кои учествуваа во квалификациите за влегување во Втората сојузна кошаркарска лига на СФРЈ, 1970 г. кога штипјанецот Благој Димов постигна повеќе кошеви од легендарниот Кичановиќ. Пишувам и за развојот и на другите екипи, како на пример џиу џицу, пливање, спортско качување на карпа, гимнастика, атлетика, планинарство, спортски риболов, стрелаштво, шах…Ги истакнувам и познатите спортисти како Жан Митрев, Сашко Ќедев, Методи Чепреганов, Илина Арсова, Раде Ивановски, Борче Илиевски, Тане Спасов, Влатко Митков,Мартин Поповски најдобрите судии од Штип, потсетувам и на промоцијата на двете книги на 7 ноември 2018 година…И сето тоа, на 240 страници едната, и 150 страници другата книга, со повеќе уникатни фотографии и исечоци од весници кои зборуваат за една голема традиција на севкупниот спорт во Штип, со која сите ние се гордееме.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *