Почетна / Занимливости / Германски преовладува на Балканот, во светот најмногу се зборува Англиски

Германски преовладува на Балканот, во светот најмногу се зборува Англиски

Дуолинго е една од најпопуларните апликации за учење на јазици, а неодамна истата потврдила дека англискиот јазик е сѐ уште најпопуларниот јазик кој се учи во земјите ширум светот, додека на Балканот моментално прва опција е германскиот јазик.

Оваа апликација ја користат повеќе од 120 милиони луѓе од сите делови во светот, а Дуолинго редовно објавува податоци за популарноста на апликацијата и јазиците во поединечни држави.

Како прв најпопуларен јазик кој се учи во земјите од Балканот е наведен германскиот јазик, а по него следуваат шпанскиот и италијанскиот.

Дуолинго објави статистика која открива дека англискиот е прв на листата во дури 116 држави, додека францускиот во 35, шпанскиот во 32, а германскиот во 9.

Според она што може да се заклучи од официјалниот форум на апликацијата, голем број луѓе сакаат да ги видат хрватскиот, српскиот и босанскиот јазик како опции за учење, меѓутоа сѐ уште нема значајни промени на тоа поле.

Англискиот јазик е најмоќниот јазик на светско ниво додека францускиот и шпанскиот јазик се во жестока борба за второто место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *