Почетна / Избор на Уредникот / Го менува ли волкот карактерот или влакното?

Го менува ли волкот карактерот или влакното?

Штип има над 7.500 пензионери.Сите тие од својата пензија даваат по некој денар за работа на пензионерските здруженија, иако тоа баш и не е многу јасно како пензионерите се согласуваат.Пензионерите секако претставуваа значаен сегмент во општествено политичкиот живот, и затоа во последните десетина години се постојана мета на политичките партии, и здруженијата но и нивните буџети.

Штипскиот огранок на ДПМНЕ тврди дека СДСМ го злоупотребува здружението на пензионерите преку некаква женска организација.ДПМНЕ се амнестира себе си од влијанието во 11 години додека беа на власт.Нивни членови на ДПМНЕ беа претседатели, секретари благајници во ова Здружение, и благодарејќи на партиската закрила го направија случајот “Пензионерски дом“, кој стана чавкарник  за кој се потрошија без никој да одговара над 700.000 евра.Добро е што ДПМНЕ предупредува,и добро е што СДСМ тврди дека пензионерите односно нивните здруженија  се оставени да делуваат самостојно без политичко туторство.Дали волкот ги менува навиките?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *