Почетна / Бизнис / Да не ти се верува на Балканот најмногу работеле Црногорците

Да не ти се верува на Балканот најмногу работеле Црногорците

Просечната работна недела во Европската Унија трае 40,2 часа. Според најновите податоци достапни од Еуростат од 2017 година, мажите низ Европа работат во просек 41 час неделно, додека жените работат 39,3 часа неделно.

Вработените во секторот рударство и каменоломство работат најдолго – во просек 42 часа, додека најкратката работна недела е во образованието – 38,1 часа.

Во рамките на ЕУ најдолгата работна недела е во Обединетото Кралство – 42,1 часа. Следуваат Швајцарија (41,8), Кипар (41,6), Австрија (41,3), Грција и Португалија (41 час). A најмалата работна недела е во Данска, која е единствената земја со помалку од 38 часа неделно – 37,8 часа.

Од земјите што не се членки на ЕУ а беа опфатени со истражувањето, најдолгата работна недела е во Турција – 49,1 часа, а по неа е Исланд  со 44.

Истражувањето на Еуростат опфаќа и четири земји од Западен Балкан. Работната недела е најкратка во Хрватска – 40,4 часа, по неа следува Словенија – 40,9 часа. Во Македонија просекот е 42,3 часа неделно, а најмногу работат – во Црна Гора, 43,6 часа неделно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕЛЕКАБЕЛ – ПРАЗНИЧНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ , ИНТЕРНЕТ СО ГОЛЕМИ БРЗИНИ

За празниците Телекабел на корисниците на оптички интернет им овозможи поголеми брзини  на интернет, за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *