Почетна / Спорт / Да се доврши првенството-Невозможна мисија.

Да се доврши првенството-Невозможна мисија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) добила рок од УЕФА, ако се доигрува сезоната во нашето првенство тоа мора да биде заклучно со 20 јули. Со оглед дека до целосно комплетирање на 36-те кола од Прва лига има уште 13 кола, а треба да се доиграат и два полуфинални круга и финалето во Купот, за ова да биде остварливо, фудбалот во Македонија мора да продолжи најдоцна на 30/31. А за да се случи тоа, пак, на клубовите мора да им се дадат 20 дена за тренинзи и подготовки, што ќе рече од понеделник, 11 мај мора да се вратат на тренинзи.Но, тоа е невозможно!Невозможно е клубовите да се вратат на тренинзи на 11 мај, што значи невозможно е сезоната да продолжи на 30/31 мај и да се комплетира на 20 јули. Една опција e да се одигра 75 отсто од сезоната, што би дошло 27 кола од предвидените 36 или уште четири на досегашните 23. Најнепопуларниот избор е првенството да заврши без воопшто да скокне топката на зелените терени и наместо тоа административно да се избере моделот на разврска (дали би имало шампион, дали би имало испаѓање).ФФМ. Мора да ја извести УЕФА што ќе презема (најкасно до 25 мај), но мора да разговара и со клубовите за да ги разработат предвидените опции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *