Почетна / Избор на Уредникот / Да те питам нешчо Министре.Дали знаете дека…?

Да те питам нешчо Министре.Дали знаете дека…?

Хидросистемот „Злетовица“, што е најсовремен систем за водоснабдување на општините Пробиштип, Кратово, Свети Николе, Штип, Лозово и Карбинци ќе биде ставен целосно во функција во текот на наредните две години.Лесно му е на министерот да каже.

Но дали знае дека дека водата од Злетовица не одговара на стандардите за пиење бидејќи има 2.100 бактерии во сто милилитри  од кои 1.500 се ешерихија коли.

Дали министерот Николовски знае дека водата од Злетовица е прогласена за вода од 4 –та категорија, со што е непрепорачлива за било какви активности.

Дали знае министерот дека во водата од злетовица има покачена радиолошка активност.Ова е податоци што ги изнесе лани летото Институтот за јавно здравје на Македонија и наодите се потпишани од експерти во областите каде се анализирани примероците на вода.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *