Почетна / Занимливости / Двајца браќа се збогатиле за 3.6 милиони долари од измама со криптовалути

Двајца браќа се збогатиле за 3.6 милиони долари од измама со криптовалути

Каџе и неговиот брат Рајес (19), од Јужноафриканската Република, ја направиле најголемата измама со криптовалути и се збогатиле за 3,6 милијарди долари. Како што пренесува агенцијата „Блумберг“, тие до парите дошле преку нивната фирма за вложување во криптовалути.

Оштетените вложувачи сега ангажирале адвокатска фирма од Кејт Таун, која не успеала да ги лоцира измамниците. Од фирмата се обратиле до „Орлите“, елитна полициска единица во ЈАР.

По порастот на вредноста на биткоинот во изминатата година, недостигот на околу 69.000 биткоини во ЈАР, претставува најголемата измама со криптовалути. Ова може да ги поттикне регулаторите во целиот свет, за конечно да воспостават ред на пазарот.

Првите знаци на проблем се појавиле во април, кога биткоинот достигнал рекордна цена. Директорот на компанијата Africrypt, Амир Каџе (20), кој бил постар од браќата, ги известил клиентите дека бил жртва на хакерски напад и побарал од нив да молчат за инцидентот.

Тој побарал клиентите да не го пријавуваат нападот на властите, за да не го забават процесот на враќање на исчезнатите пари. Некои скептични инвеститори, не му поверувале, па ангажирале адвокати од фирмата Hanekom, додека другите, почнала процес на ликвидација против Africrypt.

„Веднаш се посомневавме дека тука нешто не е во ред, затоа што бараа од инвеститорите да не превземаат никакви правни мерки“, изјавиле од адвокатската фирма и додале дека вработените во Africrypta изгубиле пристап до платформата, седум дена пред наводниот хакерски напад.

Во понатамошната истрага е утврдено дека сите тие пари од Africypt се префрлени на јужноафриканска сметка и крипто паричници и тоа со мешавина на други криптовалути за да се изгуби трагата.

Браќата фирмата ја отвориле во 2019 година и на почетокот на своите клиенти им понудиле враќање на парите за вложување кај нив, дури до десет проценти. Сега и двајцата се водат за исчезнати.

Ова не е прв случај на измама од ваков тип во Јужноафриканската Република. Минатата година пропадна Mirror Trading International, фирма која се занимавала со трговија на криптовалути. Тогаш исчезнале 23.000 криптовалути во вредност од околу 1,2 милијарди долари.

Тогаш во 2020 година, тоа беше најголемата измама со криптовалути во светот. Исчезнувањето на Africrypt е трипати поголема. Случајот сега го прочешлуваат јужноафриканските власти, а во моментов е невозможно да се отвори службена истрага, затоа што криптовалутите во оваа земја не се сметаат за легалнo финансикo средство.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој нема вакцина,нема да влезе во дискотека

Градот Виена има намера да ги отвори ноќните клубови само за вакцинирани лица и планира …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *