Почетна / Бизнис / ДДВ како лото

ДДВ како лото

Поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните ќе стартува од 1 јули, најави премиерот Зоран Заев и очекува дека на самиот старт граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно.

Според математиките, доколку пријавите фискални сметки за една потрошена просечна месечна плата во износ од 25.784 денари, ДДВ-то изнесува 4.641 денари. Согласно мерките за поврат на ДДВ, од овој износ 15% ќе се врати кај Вас – 696 денари, а 3.945 денари ќе одат во буџетот.

Пресметано за 12 месеци, ќе направите поврат на ДДВ во износ од 8.354 денари.

Сметките за комунални трошоци не влегуваат во овој проект.

Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните самите да бидат контролори на трговците.

“Ќе игра телефонот со секој граѓанин буквално. Секој ќе може да се регистрира. Дури и дете под 15 години ќе може да го направи тоа лесно” – рече Заев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *