Почетна / Македонија / Дивоградби и медиуми во ЗЕЛС

Дивоградби и медиуми во ЗЕЛС

Во Заедницата на единиците на локалните самоуправа се сретнаа градоначалниците.Се разгледуваше предлогот на Закон за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, како и Уредбата за висината на цената на градежното земјиште, сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување, давање под закуп и за засновање на право на стварна службеност. Се дискутирало  и за примената на член 102 од новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми, што како барање го поставија општините Кочани и Куманово, според кој Државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања, доколку во годишниот буџет имаат предвидено средства за информирање и запознавање на јавноста со своите услуги или активности се должни истите да ги реализираат на недискриминаторен, објективен и транспарентен начин во постапка утврдена со Законот за јавни набавки

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *