Почетна / Избор на Уредникот / Дојде “корона“ слобода???????

Дојде “корона“ слобода???????

Утринава во 5 часот заврши последниот полициски час во државава.Ваквата одлука беше донесена вчера на седница на Влада, а според премиерот Оливер Спасовски попуштањето на мерките е врз основа на исполнети услови, анализа и стручо мислење на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.Останува на сила мерката за задолжително носење на заштитна опрема, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра.

Укинат полицискиот час.

Угостителските објекти започнуваат со работа од четврток со прецизни протоколи во зависност дали се затворени или имаат тераси.

Од 1 јуни 2020 година престанува да важи мерката за ослободување на различни категории вработени лица кои беа ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности. Ова не важи за хроничните болни, а отстапка во оваа одлука имаат и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст.

14 дневната изолација се менува со самоизолација само доколку лицата приложат негативен ПЦР тест за коронавирус направен во последните 72 часа.

Сите лица кои се во државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот каде се сместени и доколку имаат негативен тест ќе бидат упатени во домашна самоизолација.

Владата ги задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници, како и да подготват соодветни протоколи за влез и излез на и од територија на Македонија.

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, треба да подготви соодветни протоколи за работа на хотелите.

Финансиска поддршка за лица во дејноста култура и право на надомест за тие што останале без работа

Вкупниот број луѓе кај кои е потврден коронавирусот во земјава вчера надмина две илјади, односно достигна 2014 од почетокот на епидемијата.

Тие се дијагностицирани во точно три месеци откако на 26 февруари кај нас беше потврден првиот позитивен на КОВИД-19. Оздравени се 1453, 116 пациенти починаа, а активни случаи има 445.

Првиот полициски час беше воведен на 22 март.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *