Почетна / Спорт / Една победа, пораз и елиминација на Емил Павлов во Кина.

Една победа, пораз и елиминација на Емил Павлов во Кина.

Утрово, по македонско време во 5 часот и 20 минути ,стартуваше Емил Павлов во Премиер лигата во Шангај, Кина. Во второто коло (во првото беше слободен), Емил ПАВЛОВ го победи претставникот од Казахстан, додека во третото коло загуби од претставникот на Азербејџан.. До пред 5 секунди на крајот на средбата, Азербејџанецот водеше со 1-0. Емил тргна на се или ништо, а тоа го искористи противникот кој освои уште три поени во последните пет секунди од борбата и победи со 4-0. За жал, на Емил, во полуфиналето претставникот на Азербејџан ја загубил средбата , со што не успеа да го повлече и македонскиот каратист во репасажот.. Немаа среќа и другите македонски каратисти кои настапија во Шангај- загубија во првото коло. Утре уште ќе настапи Берат Јакупи. Без разлика на поразот, победата над претставникиот на Казахстан на Емил Павлов ќе му донесе нови поени на светската ранг листа, но и бодови за учествоото во лигата.
„Сега мојот фокус го ставам на европските ЛОИ во Минск, на крајот од јуни.. И од овие настапи се доделуваат поени на светската ранг листа, но мора да се обидам да освојам медал. во Минск…“- изјави Емил Павлов.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *