Почетна / Балкан / Екипата на ХРТ истерана од press конференција

Екипата на ХРТ истерана од press конференција

Претседателот на загрепскиот огранок на опозициската Социјалдемократска  партија (СДП), Горан Мараш нареди отстранување на новинари на ХРТ од неговата прес-конференција.

Мараш, со извинување ги замоли новинарите да ја напуштат прес-конференцијата, согласно, како што наведе, одлучата на неговата партија за бојкот на хрватскиот јавен сервис до големиот новинарски протест, кој ќе се одржи на 2 март во организација на Хрватското новинарско здружение (ХНЗ).

Не е до вас лично, јас се извинувам, но се приклучивме на бојкотот на ХРТ. Ние едноставно се придруживме на акцијата на ХНЗ, која трае до сабота 2 март, дотогаш не даваме изјави за јавниот сервис. Со тоа протестираме против, според нас, најлошиот јавен сервис во Европа, изјави Мараш, додавајќи дека ХРТ не е ни повикана на прес-конференцијата и оти најверојатно од телевизијата дошле откако ја виделе најавата на ХИНА.

Триесет здруженија на граѓанскиот сектор соопштија претходно дека до новинарскиот протест, закажан за 2 март под мотото „Не го даваме новинарството!“, нема да учествуваат во програмите на ХРТ, ниту ќе даваат изјави за таа телевизија, во знак на поддршка на тужените новинари и медиуми.

На бојкотот се придружија и повеќе невладини организации,  партии и поединци, како Амстердамскатата коалиција, СДП, партите Можеме и СТАРТ, Работничкиот фронт и Самостојната демократска српска партија (СДСС).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *