Почетна / Избор на Уредникот / “Ентропија“ изложба и промоција на стрип, на НИКОЛА ПАНОВ

“Ентропија“ изложба и промоција на стрип, на НИКОЛА ПАНОВ

Во изложбениот салон “Фоаје“ при Домот на културата “Ацо Шопов“ вечерва своја изложба има ученикот – матурант Никола Панов.Овој ликовен настан е насловен како “Ентропија“, која покрај изложбата вклучува и промоција на стрип.Зошто изложба на ученикот информатичар од Општинското училиште Коле Нехтенин.Основно работи со една од класичните технички или средства за изработка на цртеж, репетограф и туш.Потоа таа база ја дигитализира и понатаму уметнички ја дотерува, според неговата инспирација и мотивација.Уште поважно е тоа што ова јавно претставување на ученикот Никола Панов, е промоција на најдобриот стрип во Македонија.На јавен повик поточно конкурс , на кој со свои стрипови учествуваа триесетина автори од Македонија, Никола Панов ја доби првата награда.Првата награда ја доби за стрипот со наслов “Круг“.Никола Панов во своите не така далечни планови ја има промоцијата на стрип албумот “Сенка“, која треба да се случи ова лето.Ете и убава прилика на штипската публика вечерва од 19.30 часот да дојде во Фоајето на Домот на културата “Ацо Шопов“, и со своето присуство да му инјектира нова волја и страст за уште позначајни остварувањa на младиот, но секако талентиран Никола Панов.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *