Почетна / Избор на Уредникот / Етапна исплата на пензиите

Етапна исплата на пензиите

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.06.2021 година. Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипско културно лето ,36-ти пат.

Општина Штип ќе го организира 36-тото издание на манифестацијата од уметноста, културата, забавата “Штипско културно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *