Почетна / Бизнис / Жените во IT секторот ја спасуваат Македонија.

Жените во IT секторот ја спасуваат Македонија.

Мажите доминираат во Информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во цел свет и во најдобар случај заземаат две третини од вкупниот број во оваа професија. Прва на листата со најмногу жени во ИКТ-секторот во Европа е Бугарија со 28%. Македонија високо котира на оваа листа со 21% жени во ИКТ-сектор, исто како Шведска. Од високоразвиените европски земји зад нас се Финска (20%), Данска (19%), Франција, Холандија и Германија (17%).Европската база на податоци „Евростат“ ја објави листата за 2018 година.Во 2018 година околу 8,9 милиони луѓе биле вработени во Европската Унија како ИКТ-специјалисти. Во професијата доминираат мажите, а од вкупниот број само 1,5 милион (17%) се жени. Во земјите-членки на ЕУ најдолу на листата е Унгарија (9%), а пред неа се Чешка (10%) и Грција (11%). Највисоко на табелата се Бугарија (28%), Литванија (25%) и Романија (24%) – објави „Евростат“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Понизок ДДВ за струјата, данок за горивата.

На утрешната седница Владата ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *