Почетна / Македонија / Заев на работната задача “пеглач“

Заев на работната задача “пеглач“

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев рече дека во односите со коалициониот партнер ДУИ секојдневно се случуваат слабости во функционирањето, но ќе ги решаваат за да не ги загрозат глобалните процеси кои што се важни за сите граѓани. Заев беше прашан да даде оценка на односите со коалициониот партнер по серијата меѓусебни обвинувања меѓу Талат Џафери и Артан Груби од една страна и Мухамед Зекири и Павле Богоевски од друга страна во врска со прекинатата седница за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.

„Овие слични слабости на функционирање кои што произлегуваат веројатно се наше секојдневие, ќе ги решаваме, но во никој случај не треба да ги загрозат глобалните процеси кои се важни за сите граѓани, за државата, а со самото се важни и за нас политичките партии“, кажа Заев по презентацијата на оперативниот план за вработување со вицепремиерот Кочо Анѓушев.Ноќеска, Џафери ја прекина собраниската седница 5 минути по полноќ и воопшто не се гласаше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, еден од шестемина осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал за нарачување и организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, и за него се бара притвор поради можност за бегство и влијание врз сведоци.

Би било навистина убаво со својата “пегла“ Заев да испегла и други слабости, пропусти во државава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *