Почетна / Црна хроника / “Заиграл“ нож во кавга татко и син.

“Заиграл“ нож во кавга татко и син.

Во Полициската станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Г.(39) од Кочани. Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, Љ.Г.(58) од Кочани со нож му нанел повреда на неговиот син М.Г.(39). По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен, а Љ.Г. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против Љ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *