Почетна / Занимливости / За прв пат во Македонија, “Firsт lego” натпревар

За прв пат во Македонија, “Firsт lego” натпревар

Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип на 23 февруари ќе го организира првиот државен натпревар за „First Lego“ лига во Република Македонија, за деца од 9 до 16 години. Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет – оваа година учествуваат околу 40000 тимови од 98 земји. Факултетот ја доби лиценцата за натпреварот од својот партнер „Супер главче“ од Словенија, кој е одговорен за овој регион, а победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар во Словенија.„First Lego“ лигата е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми. Оваа година темата на проектот е „Во орбитата“ и тимовите треба да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем и да предложат решение.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *