Почетна / Бизнис / “Зелена нафта“ за 55.000 земјоделци

“Зелена нафта“ за 55.000 земјоделци

По предлог на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Владата вчера ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година која има за цел да обезбеди стабилно производство на квалитетна и поевтина храна и обезбедување на населението со доволни количини храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството и обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и одржлив развој на руралните подрачја, и оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина.

Оваа програма ја вклучува и мерката „Зелена нафта“ со која се опфатени 55.000 производители, а предвидува од буџетот на оваа програма да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕЛЕКАБЕЛ – ПРАЗНИЧНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ , ИНТЕРНЕТ СО ГОЛЕМИ БРЗИНИ

За празниците Телекабел на корисниците на оптички интернет им овозможи поголеми брзини  на интернет, за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *