Почетна / Спорт / Игри без граници, но спортски, и за деца.

Игри без граници, но спортски, и за деца.

Во организација на спортскиот клуб „Димитар ВЛАХОВ“ од истоименото Основно училиште во Штип, во населбата „Сењак„ на Тенисото игралиште наспроти Трговскиот центар „ Елкос“, ќе се одржат СПОРТСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ.. Творец на овие спортски игри е професорот по физичко воспитување, Дарко Митев, кој е и претседател на спортското друшто „Димитар Влахов“.„Ќе учествуваат деца од Штип и Струмица. Очекуваме на овие спортски игри да учествуваат околу 150 деца. Учесници ќе бидат и балетското студио во ОУ Димитар Влахов,КК Македонка, ТК Триумф и други. Ќе се забавуваат децата од 11 до 13 часот на тениското игралиште наспроти Трговскиот центар Елкос. Ги поканувам сите спортски пријатели да дојдат и да ги проследат овие спортски игри без граници…“- ни изјави Дарко Митев, кој работеше како професор во Англија, но пред извесно време се врати во Макадонија , работи како професор и донесе нови содржини и го раздвижи спортскиот живот на најмладите во градинките и основните училишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕМИЛ ПАВЛОВ ВО ЛИСАБОН –УШТЕ ЕДЕН НАСТАП ВО ПРЕМИЕР КАРАТЕ ЛИГАТА

Утре, четврток, за Лисабон, Португалија, патува најдобриот спортист на ,Македонија, Емил Павлов и неколку македонски …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *